[:mk]Ве известуваме дека од 01.11.2022 до 02.02.2023 година спортскиот риболов на Мавровско езеро и река Радика со притоки ќе биде забранет.

Новата сезона за спортски риболов ќе започне на 03.02.2023 година

Исто така ве потсетуваме дека и наредната година риболовнни дозволи ќе се издаваат во Информативниот туристички центар и преку електронскиот систем на НП Маврово на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130. За да купите дозвола преку електронскиот систем ќе мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добиете потврда за уплата. Уплатата ќе може да се изврши со сите видови на платежни картички.

Останува обрвската и наредната година да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена годишна членарина.

 [:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]