Јавната установа Национален парк Маврово на најтранспарентен начин отпочнува со постапка за склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кон ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од установата.

Се повикуваат сите заинтересирани коминтенти (купувачи) на огревно и техничко дрво да се пријават на јавниот повик од Јавната установа Национален парк Маврово.

Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2025 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КУПОПРОДАЖЕН ДОГОВОР”.

Обрзецот на барањата може да се подигне од веб страната www.npmavrovo.org.mk и во Управата на Н.П.Маврово во Маврови Анови.

Во прилог на барањето за купување на техничко дрво треба да се достави:

-Тековна состојба од правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци.

-ДРД обрзаец од Централен регистар со кој се докажува дека субјектот има регистрирано пилана за пилење или обработка на техничкото дрво.

Во прилог на барањето за купување на огревно дрво треба да се достави:

-Документ дека правното лице има регистриран склад за продажба на дрвни сортименти (Решение за регистриран склад за промет на дрво и дрвни сортименти издаден од МЗШВ).

-Тековна состојба на правното лице од Централен регистар не постара од 6 месеци.

-ДРД образец од Централен регистар.

Во прилог на барањето за купување на огревно дрво од физичко лице за задоволување на потребите на домаќинството треба да се достави:

-Доказ за извршена уплата.

-Копија од лична карта.

Барањето со наведените документи од правните и физички лица треба да се достави по пошта или лично до Ј.У.Н.Г.Маврово Маврови Анови.

Лице за прием на барањата во Национален Парк Маврово е Алмедина Мехмеди, тел за контакт: 078-495-556.

Доколку правното или физичко лице има неподмирен долг кон ЈУНП Маврово или има спор со ЈУНП Маврово, нема да му се примаат барањата за склучување на годишни договори.

Доколку барателот го подмири долгот во рокот предвиден за аплицирање барањето ќе се прими и разгледа.

Управата на паркот го задржува правото за распоред на купувачите по работни сдиници.

При промена на цените на дрвните сортименти ќе важат цените кои се важечки на денот на испорака на драните сортименти.

Подетални информации може да се добијат во Ј.У.Н.П.Маврово.

Јавниот повик може да го превземете ТУКА

Ценовникот може да го превземете ТУКА

Барањето за техничка дрвна маса за правни лица може да го превземете ТУКА

Барањето за огревно дрво за правни лица може да го превземете ТУКА

Барањето за огревно дрво за физички  лица може да го превземете ТУКА

 

Logos Slider