Свечена церемонија за претставување на одобрените проекти ИПА 3 (IPA III CBC) Косово – Македонија 2021-2027.
Денес, 22.05.2026 година, во Приштина се одржа Свечена церемонија за претставување на одобрените проекти (Grand Award Ceremony) во рамките на програмата за прекугранична соработка ИПА 3 (IPA III CBC) Косово – Македонија 2021-2027.
На овој настан, заедно со останатите добитници на грантови, учествуваше и Националниот парк Маврово, претставен од директорот Харис Ибраими.
За време на настанот, директорот одржа неколку значајни средби на кои се разговараше за важноста на овие проекти. Тој притоа нагласи дека успешноста на проектите во голема мера зависи од максималното залагање и посветеност на сите вклучени страни.
Националниот парк Маврово е партнер во проектот „Секој чекор е важен“ – Користење на екотуризмот за одржливо финансирање на прекуграничната заштита на животната средина и намалување на предизвиците од климатските промени.
Носител на проектот е Националниот парк Шари од Косово, додека партнери се Националниот парк Маврово, Националниот парк Шар Планина и Општина Теарце.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 573.315 евра.
Во рамките на овој проект, за Националниот парк Маврово се предвидени неколку клучни активности. Планирана е изработка на нова, современа веб-платформа и мобилна апликација кои ќе имаат за цел да ја доближат понудата на паркот до посетителите преку модерни дигитални решенија.
Националниот парк Маврово континуирано се залага за развој и унапредување и зачувување на животната.
Веруваме дека заедно со нашите партнери ќе оствариме успешна реализација на активностите и дополнително ќе ја продлабочиме прекуграничната соработка.







