Денес, во Националниот парк Маврово, се одржа работна средба на претставници на националните паркови во Македонија како и претставник на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“.
Во фокусот на средбата беше новиот Предлог-закон за заштита на природата, кој беше заеднички разгледан од аспект на потребите и предизвиците со кои се соочуваат заштитените подрачја во своето секојдневно работење.
На средбата беа усвоени заеднички заклучоци и договорени понатамошни чекори за подготовка на предлози за измени и дополнувања на законскиот текст, со цел негово унапредување и поефикасно спроведување на заштитата на природата.
Во рамките на посетата, учесниците имаа можност да го посетат и спелеолошкиот локалитет Пештера Шаркова Дупка во село Маврово.
Зачувувањето на природното богатство бара заедничка визија, соработка и координирано делување.

Logos Slider

‹ ›