[:mk]Лишаите (лихеноидните габи) во Република Македонија сеуште сe недоволно проучени и бројот на
досега регистрирани видови (340) ни оддалеку не одговара на вистинската состојба. Досега, за
подрачјето на Националниот Парк Маврово беа познати само 9 видови на лишаи.
Врз основа на претходните истражувања, како и врз основа на истражувањата реализирани во рамките
на овој Проект, за подрачјето на Националниот Парк Маврово, беше утврдено присуство на вкупно
151 видови на лишаи. Од таксономски аспект, сите регистрирани видови припаѓаат на класите
Lecanoromycetes (145 видови) и Eurotiomycetes (6 видови) од типот Ascomycota. Видови од типот
Basidiomycota не се регистрирани.
Лигниколните лишаи (67 видови) се регистрирани на гранки и стебла од различни видови на дрвја.
Податоците првенствено се однесуваат на видови регистрирани во буковите и дабовите шумски заед‐
ници, кои се и најдобро истражувани. Петриколните лишаи се развиваат на варовнички и силикатни
карпи. На овие супстрати беа регистрирани вкупно 49 видови. Дел од видовите се специјализирани на
варовнички карпи (25), додека 10 видови се јавуваат исклучиво на силикатни карпи. Териколните
лишаи (35 видови) се развиваат на земја, песок, растителни остатоци и друго.
Како резултат на истражувањата реализирани во рамките на овој проект, беше утврдено присуство на
дополнителни 12 видови на лишаи, кои досега не беа познати за територијата на Македонија, што
значи, на целата територија на Република Македонија се регистрирани само во Националниот Парк
Маврово.
Три вида комерцијални лишаи растат во подрачјето на НП Маврово и претставуваат важен дел од
биолошките ресурси на земјата. Тоа се Дабовиот лишај (Evernia prunastri), Стеблениот лишај
(Pseudevernia furfuracea) и Исландскиот лишај (Cetraria islandica). Сите три вида ги има во големи
количини особено во дабовите и буковите шуми. Дабовиот и Стеблениот лишај се лигниколни и се
развиваат на гранки и стебла кај различни видови на листопадни и зимзелени дрвја, додека
Исландскиот лишај е териколен вид и се развива на земја.[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]