5 јуни Светски ден на животната средина
Светскиот ден на животната средина претставува потсетник за нашата заедничка одговорност кон природата – највредното наследство што го поседуваме и должност што сме обврзани да ја зачуваме за идните генерации.
Националниот парк Маврово, како најголемо заштитено подрачје во Македонија и едно од најзначајните жаришта на биолошката разновидност на Балканот, и понатаму останува цврсто посветен на заштитата на природните вредности, унапредувањето на биодиверзитетот и одржливото управување со природните ресурси.
Во време на сè поизразени еколошки предизвици, заштитата на животната средина не е само институционална обврска, туку и колективна одговорност на секој поединец. Секоја постапка, секоја одлука и секој одговорен однос кон природата претставуваат придонес кон зачувувањето на рамнотежата меѓу човекот и природниот свет.
По повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, упатуваме искрена благодарност до сите љубители на природата, научни работници, волонтери, институции и граѓани кои со својата посветеност придонесуваат кон заштитата и унапредувањето на природното богатство.
Нека овој ден биде поттик за уште поголема грижа, одговорност и заедничка посветеност кон природата – наше заедничко богатство и темел на одржливата иднина.
Да ја чуваме природата денес, за да ја оставиме како највреден аманет за утре.