Известување за воведување целосна забрана за непријавено движење во шумите и шумското земјиште
Почитувани посетители на Националниот парк Маврово,
Јавната установа Национален парк „Маврово“ ја известува јавноста дека, врз основа на согласноста издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а согласно насоките на Владата на Македонија, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари се воведува целосна забрана за непријавено движење во шумите и шумското земјиште.
📅 Забраната е на сила во периодот од 01.07.2026 до 31.08.2026 година, секој ден од 00:00 до 24:00 часот.
Согласноста е издадена согласно член 57 став 3 од Законот за шумите, со цел превенција и намалување на ризикот од појава на шумски пожари.
Во наведениот период, движењето во шумите и шумското земјиште на територијата на Националниот парк Маврово е дозволено исклучиво со претходно одобрение, односно со навремено пријавување на активностите.
📌 Кој треба да го пријави своето движење?
Сите поединци и организирани групи кои планираат движење на територијата на Националниот парк Маврово се должни претходно да ја пријават својата активност.
Исклучок од оваа обврска имаат:
- вработените во Министерството за внатрешни работи;
- вработените во Министерството за одбрана;
- Шумската полиција;
- Центарот за управување со кризи;
- Дирекцијата за заштита и спасување;
- Државниот инспекторат за шумарство и ловство;
- Лица кои извршуваат службени активности за потребите на ЈУНП „Маврово“. “;
- лица кои веќе поседуваат писмено одобрение за движење издадено од ЈУНП „Маврово“, доказ за уплатена туристичка такса или важечка риболовна дозвола.
ℹ️ Локалното население нема обврска да плаќа туристичка такса за влез во Националниот парк Маврово.
📝 Како се пријавува движењето?
Пријавувањето може да се изврши:
📍 во Туристичкиот инфо центар во Маврови Анови;
Или по електронски пат на:
mavrovonationalpark@gmail.com
Пред поднесување на електронската пријава потребно е:
💳 Да се изврши уплата на туристичката такса преку:
Туристичката такса изнесува 100 денари по лице за секој ден престој на територијата на Националниот парк.
Едно лице може да изврши уплата и за цела група посетители.
Во пријавата задолжително наведете:
име и презиме;
контакт телефон и е-пошта;
земја од која доаѓате;
број на посетители;
регистарски број на возилото/возилата;
почетна и крајна точка на движењето;
цел на посетата;
датум за кој се бара дозволата;
датум и време на поаѓање;
датум и време на враќање.
За организирани групи потребно е да се достават и:
назив на агенција, фирма или организација;
име и презиме на одговорното лице;
список со сите членови на групата.
Во е-поштата наведете дали туристичката такса е веќе уплатена или ќе биде платена по пат на фактура.
✅ По успешно извршената уплата ќе добиете автоматска потврда на вашата електронска адреса.
За лицата кои ќе ја пријават својата активност по електронски пат, потврдата за уплатена туристичка такса претставува доказ дека активноста е евидентирана и дека е одобрено движењето во Националниот парк.
Ве молиме потврдата да ја чувате кај себе и да ја приложите доколку биде побарана од ренџерските служби или од полициски службеници.
⚠️ Апел до посетителите
Ги повикуваме сите посетители за време на престојот во Националниот парк да се однесуваат совесно и одговорно, да не палат оган на отворен простор и да преземат максимални мерки за заштита на природата.
Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата, веднаш известете нè:
📧 npmavrovo@npmavrovo.org.mk
📧 mavrovonationalpark@gmail.com
☎️ +389 (0)42 489 019
☎️ +389 (0)42 489 425
☎️ 122
🚫 Казнени одредби
Согласно член 106 од Законот за шумите, за непочитување на оваа забрана и движење во шумите и шумското земјиште без соодветно одобрение, на физичките лица ќе им биде изречена глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.
🌿 Ви благодариме за разбирањето и соработката. Со заедничка грижа и одговорно однесување придонесуваме за зачувување на природните вредности на Националниот парк Маврово и за спречување на шумските пожари.