Мавровското Езеро порибено со дополнителни 460 килограми крап со поддршка од EDS Energy Delivery Solutions
ЈУ Национален парк Маврово, во соработка со EDS Energy Delivery Solutions, денес реализираше порибување на Мавровското Езеро со 460 килограми крап, донација од компанијата EDS.
Оваа активност претставува значаен придонес кон зачувувањето и унапредувањето на рибниот фонд, како и кон одржливото управување со природните ресурси во Националниот парк.
Порибувањето се реализира во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое ќе се одржи на Мавровското Езеро, со цел дополнително збогатување на рибниот фонд и обезбедување подобри услови за развој на спортскиот риболов.
Воедно, ги потсетуваме сите спортски риболовци дека крапот е под временска забрана за спортски риболов до завршувањето на Светското првенство. Апелираме до сите посетители да ги почитуваат донесените мерки, додека Службата за заштита на природата при ЈУ Национален парк Маврово спроведува засилени контроли на терен.
ЈУ Национален парк Маврово упатува искрена благодарност до EDS Energy Delivery Solutions за општествено одговорниот пристап и поддршката во зачувувањето на природното богатство на Мавровското Езеро.
Заедно придонесуваме за заштита на природата и одржливо управување со рибниот фонд за идните генерации.









