08.01.2025
Денес на наше огромно задоволство во посета на Националниот парк Маврово беше директорот на регионот Евроазија при Global Conservation Mustafa Gönen посветен борец за заштита на животната средина и голем пријател на паркот.
Во управата на паркот Mustafa Gönen и директорот на НП Маврово Харис Ибраими заедно со дел од вработените во паркот имаа состанок на кој се разговараше за досегашната соработка и за плановите во иднина.
Се разговараше за многу проекти и активности за заштита на биодиверзитетот, развој на туризмот, локалниот економски развој, менаџмент планот, прекугранична соработка и сл.
Директорот Харис Ибраими му се заблагодари на Мустафа и неговата организација за досегашната соработка и континуираната подршка како и личната ангажираност за доброто на паркот.
Се донесе заклучок да се продолжи соработката и заедно Global Conservation и НП Маврово да направиме многу работи за просперитетна иднина на паркот.

Logos Slider