Известување за завршување на сезоната за спортски риболов во водите на територијата на Национален парк „Маврово“ за сезоната 2024/2025
Почитувани љубители на спортскиот риболов,
Ве известуваме дека со завршување на тековната сезона за спортски риболов 2024/2025 година, Националниот парк „Маврово“, воведува забрана за спортски риболов во следниот период:
Забраната се однесува на сите води на територијата на Националниот парк „Маврово“, и тоа:
Мавровско Езеро,
Река Радика со сите нејзини притоки.
Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони.
Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк „Маврово“.
Со почит,
Јавна установа Национален парк „Маврово“