Ве известуваме дека од 01.10.2025 година спортскиот риболов на река Радика и притоки е забранет до 31.01.2026

Ве известуваме дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден од 01.10.2025 до 31.10.2025 за сите видови риби освен за ПАСТРМКА која е во период на природен мрест.

ЦЕНОВНИК ЗА РИБОЛОВНИ ДОЗВОЛИ ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ НА ВОДИТЕ ВО НП МАВРОВО

Дневна риболовна дозвола – 300,00 денари
Годишна риболовна дозвола – 5.000,00 денари
Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 3.000,00 денари
Напомена: Во моментов не сме во можност да издаваме тридневни и месечни риболовни дозволи. Кога ќе се достават формулари за овие дозволи од страна на ндлежното министерство, истите ќе се пуштат во промет.

Услов за добивање на годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери е приложување на соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент)

ЦЕНОВНИК ЗА РИБОЛОВНИ ДОЗВОЛИ ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ НА ВОДИТЕ ВО НП МАВРОВО ЗА ЖИТЕЛИ НА ПАРКОТ

Дневна риболовна дозвола – 100,00 денари
Годишна риболовна дозвола – 2.500,00 денари
Годишна риболовна дозвола за ученици, студенти и пензионери – 1.500,00 денар

Услов за добивање на Дневна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување на лична карта.

Услов за добивање на Годишна риболовна дозвола за жители во паркот е приложување на лична карта.

Услов за добивање на Годишна риболовна дозвола за пензионери, ученици и студенти кои се жители на паркот е приложување на лична карта и соодветен документ (чек од пензија, документ за ученик или студент)

Дозволи можат да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на www.npmavrovo.mk во делот за БИЛЕТИ или на следниов линк https://npmavrovo.mk/buy/130

За да купите дневна риболовна дозвола преку електронскиот систем мора да имате ВАЖЕЧКА E-MAIL адреса на која ќе добивате потврда за уплата. Уплатата може да се изврши со сите видови на платежни картички.

НАПОМЕНУВАМЕ дека обврската да поседувате ЛЕГИТИМАЦИЈА ЗА СПОРТСКИ РИБОЛОВ со платена членарина за тековната година е задолжителна за сите типови на дозволи.

Податоците кои ги внесувате при купување на дозвола преку електронскиот систем (на пр. бројот на риболовна легитимација) мора да се точни и веродостојни. Со штиклирањето на опцијата ПОТВРДА ЗА ТОЧНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ вие потврдувате дека поседувате соодветна риболовна легитимација со платена членарина – маркица за 2025г. При контрола од страна на ренџерската служба или друг овластен државен орган, секој кој поседува риболовна дозвола извадена преку електронскиот систем покрај повратниот маил од кој ќе го добие на својата адреса како потврда за извршена уплата должен е да приложи и важечка риболовна легитимација. За давање на неточни информации се одговара согласно законите.

Дозволата (со истиот реден број кој ќе го добиете преку електронскиот систем) која ќе ја купите по електронски пат ќе биде пополнета и во хартиена форма. Доколку имате потреба, дозволата во хартиена форма може да си ја подигнете во Информативниот туристички центар во Маврови Анови.

Ј.У.Н.П. Маврово ги замолува сите спортски риболовци да ги почитуваат законските одредби, забраните за риболов на одредени видови на риба во одредени периоди од годината, а исто така да водат евиденција и за бројот на дозволени парчиња за улов како и нивната големина.

ПРАВИЛАТА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ СПОРСКО-РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ ВО ВОДИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК МАВРОВО МОЖЕТЕ ДА ГО ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

Со почит.

Ј.У.Н.П. Маврово

Logos Slider