„Маврово Опен 2026“ – Светски крапски куп
Во тек е Светскиот крапски куп „Маврово Опен 2026“, кој од 20 до 23 август се одржува на Мавровското Езеро, во организација на Македонската Риболовна Федерација, а домаќин на настанот е ЈУ Национален парк „Маврово“.
На натпреварот учествуваат 34 екипи од повеќе држави, со натпреварувачи, судии и официјални лица кои овие денови се дел од овој значаен меѓународен риболовен настан.
На брегот на Мавровското Езеро се поставени околу 15 натпреварувачки позиции, каде што натпреварувачите се борат за најдобар резултат во дисциплината крапски риболов.
Мавровското Езеро и Националниот парк „Маврово“ и оваа година се место на кое се среќаваат љубовта кон риболовот, спортскиот дух и природните убавини.
Им посакуваме успешен натпревар на сите учесници и одлични резултати!
БИСТРО











