Есенски активности на Службата за заштита на природата во НП Маврово
Есенски активности на службата за заштита на природата во НП Маврово
Есента во НП Маврово носи и нови активности на терен.
Во овој период, службата за заштита на природата поставува минерални и витамински “блокови”, дел од редовните работни активности кои се наменети за дополнување на исхраната на дивите животни во текот на есенските и зимските месеци.
Паралелно со тоа, продолжуваат и редовните контроли и обиколки на теренот, следењето на состојбите и грижата за дивиот свет.












