Денес 22.07.2025 год во просториите на управата на Националниот парк „Маврово“, се одржа координативна средба посветена на унапредување на мерките за заштита на природните ресурси и безбедноста на посетителите
На средбата присуствуваа директорот на паркот Харис Ибраими, началникот на ОВР Гостивар, претставници на полициските станици од регионот и одговорните лица од секторот за заштита на НП „Маврово“.
Целта на состанокот беше воспоставување поефикасна координација меѓу институциите во насока на превенција и спречување на пожари, како и примена на утврдените протоколи за побрза и покоординирана интервенција во случај на нивна појава.
Во фокусот на дискусијата беа и мерките за подобра подготвеност во пресрет на летната туристичка сезона , период кога се зголемува бројот на туристи и посетители во паркот, а истовремено и период кога започнува враќањето на локалното население од привремена работа во странство за време на летните одмори .
Присутните ја истакнаа потребата од заеднички ангажман за превенирање на евентуални несакани настани поврзани со шумски пожари, спроведување на активности кои ќе ја зајакнат безбедноста на жителите и туристите, како и спречување на нелегални активности кои би можеле да го нарушат мирот и благосостојбата на населението.

Logos Slider