На Мавровското Езеро во септември 2026 година ќе се одржи Светското првенство во риболов на крап – значаен меѓународен спортски настан кој претставува големо признание за Националниот парк Маврово и за Македонија, но и сериозна обврска за сите вклучени институции.
По тој повод, во Управата на Националниот парк Маврово се одржа првата прес конференција на која се обратија директорот на Националниот парк Маврово, Харис Ибраими, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, и претседателот на Македонската риболовна федерација, Филип Серафимовиќ. На средбата беше потпишан и Меморандум за соработка, со кој официјално се потврдува заедничката посветеност за успешна организација на настанот.
Во рамки на соработката, институциите ќе работат координирано на создавање на сите неопходни услови за непречено и квалитетно одржување на првенството, согласно меѓународните стандарди.
Како управувач со едно од најзначајните природни подрачја во земјата, Националниот парк Маврово ќе посвети особено внимание на зачувување на природните вредности, обезбедувајќи одржлив пристап во организацијата на настанот.
Се очекува Светското првенство да донесе значајни придобивки за регионот, особено во делот на развој на туризмот, локалната економија и меѓународната промоција на Националниот парк Маврово и Македонија како препознатлива дестинација за спортски и еколошки настани.
Институциите ќе продолжат со интензивни подготовки во наредниот период, а јавноста ќе биде редовно информирана за сите активности поврзани со организацијата.

Logos Slider