ИНСТИТУЦИОНАЛНА СРЕДБА И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА
Делегацијата беше примена од директорот на Националниот парк Маврово, Харис ИБРАИМИ.
ИНСТИТУЦИОНАЛНА СРЕДБА И РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И ЗНАЕЊА
Делегацијата беше предводена од Кристијан Бравенц аташето на Сојузното министерство за земјоделство, шумарство, климатска и еколошка заштита,
Во нејзиниот состав беа и Силвио Шулер и Марчела Ван Лу претставници на Федералниот истражувачки и тренинг центар за шуми, Кристоф Хартлајтнер директер на LIECO GmbH, Андреас Штајнегер и Флориан Хехенблајкнер од комората за земјоделство и шумарство на Штаерска, како и Симон Јансен од Универзитетот за природни ресурси и применети науки.
Во своето обраќање, директорот Ибраими, изрази особено задоволство од интересот на австриската стручна јавност за природните вредности на Националниот парк, нагласувајќи дека меѓународната размена на научни сознанија, стручни искуства и современи практики претставува значаен предуслов за унапредување на институционалните капацитети и одржливото управување со природните ресурси.
Притоа, беше констатирано дека ваквите средби треба да претставуваат почетна основа за воспоставување конкретни партнерства и развивање долгорочна меѓународна соработка.
ТЕРЕНСКА ПОСЕТА И СТРУЧНИ АНАЛИЗИ
По средбата, делегацијата, во придружба на стручните служби на Националниот парк Маврово, реализираше теренска посета на повеќе локации во заштитеното подрачје.
Професорот од Шумарскиот факултет, Јане Ацевски, презентираше стручни анализи, научни сознанија и релевантни податоци за актуелната состојба и динамиката на шумските екосистеми.
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ – ПРЕДИЗВИК ЗА ИДНИНАТА НА ШУМСКИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
Посебно внимание беше посветено на влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми, нивната отпорност и способноста за приспособување кон изменетите климатски услови.
Во фокусот на стручните разговори беа и промените што веќе се забележуваат во шумските заедници, предизвиците што се очекуваат во иднина, како и потребата од континуирано научно следење и примена на современи методологии за нивна заштита и одржливо управување.
НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Гостите изразија задоволство од реализираната посета, стручните презентации и можноста непосредно да се запознаат со состојбите на терен. Истовремено, ја изразија подготвеноста за повторна посета и продолжување на комуникацијата, со цел дефинирање конкретни облици на идна соработка.
Оваа посета претставува значајно признание за природните вредности на Националниот парк Маврово, но и можност за негово посилно позиционирање во меѓународните стручни и научни кругови.
Националниот парк Маврово останува посветен на развивање меѓународни партнерства, унапредување на стручните капацитети и примена на современи пристапи во управувањето со природното наследство.

Logos Slider

‹ ›