Jавен повик за собирање и откуп на други шумски плодови на територијата на НП Маврово

ЈАВЕН ПОВИК

Согласно своите надлежности определени во член 141-а од Законот за заштита на природата (Службен весник на РМ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14) и член 72 став 3 и став 4 од Законот за шумите (“Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2009, 24/2011, 53/2011, 25/2013, 79/2013, 147/2013, 43/2014), ЈУ НП Маврово објавува ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барања за склучување на спогодба за вршење дејност- откуп на други шумски производи, на територијата на НП Маврово, со надоместок.
Јавната установа за потребите на јавниот повик ги издава следните документи:

 БАРАЊЕ за склучување на спогодба за откуп на други шумски производи преку откупни пунктови за годината,
 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОТКУП на други шумски производи на територијата на НП Маврово,
 ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ОТКУП на вкупни количини други шумски производи, и
 СПОГОДБА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ- откуп на други шумски производи преку откупни пунктови со надоместок.

Горенаведените документи, во интегрална форма, се објавуваат во електронска верзија на интернет страната на ЈУ НП Маврово www.npmavrovo.org.mk од кадешто може да бидат превземени.
Право на доставување на барање има секое заинтересирано домашно правно лице кое ги исполнува следните услови:
1. Да има регистрирана дејност за вршење откуп на други шумски производи;
Како доказ за исполнување на горенаведениoт услов, правното лице кон Барањето за склучување на договор ќе треба да го достави следниов документ за утврдување на неговата способност:
 ДРД образец или тековна состојба.
Се повикуваат сите заинтересирани домашни правни лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми од денот на објавување на Јавниот повик на веб страната на ЈУ НП Маврово, во тековната година да достават барање за склучување на спогодба заедно со останатите документи на e-mail адреса npmavrovo@npmavrovo.org.mk со предмет: „Барање за склучување спогодба за вршење дејност-откуп на ДШП“.

Со почит,
ЈУ НП „Маврово“

Jавен повик за собирање и откуп на други шумски плодови на територијата на НП Маврово

Барање за склучување договор за откуп на ДШП

Logos Slider