Интервенција за извлекување повреден планинар во НП Маврово
Во услови на исклучително тешко пристапен планински терен, службите на Националниот парк Маврово уште еднаш ја демонстрираа својата професионалност, подготвеност и високо ниво на координација.
Со навремена и успешно организирана акција беше извршено безбедно извлекување на повреден планинар од пределот кон Корабскиот Водопад — едно од најпредизвикувачките и најнепристапни подрачја во рамки на Паркот.
Акцијата претставува потврда за посветеноста, одговорноста и пожртвуваноста на службите кои секојдневно се грижат за безбедноста на посетителите и заштитата на просторот на Националниот парк Маврово.
Изразуваме искрена благодарност до сите учесници во акцијата, чија брза реакција, стручност и хуманост овозможија успешно завршување на интервенцијата.
Национален парк Маврово — секогаш подготвен и на висина на задачата.




