Почитувани посетители на Националниот парк Маврово,
Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Маврово во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, воведува целосна забрана за непријавено движење во шумите на територијата со која управува ЈУНП Маврово т.е обврска за задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 00:00 до 24:00 часот.
‼️ Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Маврово не важи за вработените на:
Министерството за внатрешни работи
Министерството за одбрана
Шумската полиција
Центарот за управување со кризи
Дирекцијата за заштита и спасување
Државниот инспекторат за шумарство и ловство
Лица вработени во субјектите кои вршат шумскокултурни работи за активностите на сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои управува ЈУНП „Маврово”
Лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои управува ЈУНП Маврово (кои поседуваат доказ за уплата на туристичка такса во хартиена или електронска форма или важечка риболовна дозвола).
Локалното население нема обврска да изврши уплата на туристичка такса за влез на НП Маврово.
На кој начин да го пријавите вашиот престој на територија на НП Маврово?
Пријавувањето може да го извршите во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата:
mavrovonationalpark@gmail.com
Пред да доставите електронска пријава, извршете уплата на туристичка такса за влез на територија на НП Маврово на:
Во електронската пријава навадете ги следните информации:
Име и презиме
Назив на агенција- фирма- организација
(за организирани посети)
Име и презиме на одговорно лице за групата
(за организирани посети)
Контакт информации
Број на посетители кои ги пријавувате
Регистарски број на возила
Име и презиме на сите членови на групата
Земја од која доаѓате
Наведете во кој дел од територијата на НП Маврово ќе се движите – почетна и крајна точка
Цел на посетата
Наведете датум за кој се пријавува активноста и се бара дозволата за движење
Наведете дали имате потреба од ангажман на професионален локален водич или некои дополнителни услуги
Датум и време поаѓање
Датум и време на враќање
Во маилот кој ќе ни го испратите наведете ги и следниве изјави:
Потврдувам дека извршив уплата на туристичка такса преку системот за наплата на Н.П. “Маврово” – на име: (име и презиме на лицето кое извршила уплата); број на потврда за извршена уплата.
Доколку уплатата на туристичка такса се изврши преку фактура наведете го следното:
Потврдувам дека уплатата на туристичка такса ќе ја извршам по пат на фактура за која ќе ви доставам комплетни информации преку вашата електронска пошта (доставете информации за фактура).
Појаснување на постапката за онлајн уплата на туристичка такса за влез на територија на НП Маврово:
Одете на www.npmavrovo.mk/tickets од каде што можете да извршите уплата на туристичка такса за влез во паркот (100 денари по лице за секој ден од вашиот престој на територија на паркот).
Едно лице може да изврши уплата и за поголема група на посетители.
Доколку пријавувате групна посета, тогаш ќе ве замолиме да ни доставите и посебен список со информации за сите посетители кои ќе бидат со вас.
✅ Откако ќе го направите ова преку електронскиот систем ќе добиете потврда за уплата на туристичка такса – влез во Националниот парк.
За лицата кои своето движење во паркот ќе го пријават по електронски пат, како доказ дека поседуваат дозвола за движење и ги регистрирале своите активности ќе служи и потврдата за уплатена туристичка такса која системот на вашата електронска адреса ќе ви ја достави автоматски.
Ве молиме потврдата за уплатена туристичка такса да ја зачувате и да ја приложите доколку тоа ви биде побарано од ренџерските служби или од страна на полицијата.
⚠️ Воедно би сакале да ве замолиме за исклучително внимание за време на вашиот престој на територија на паркот со цел избегнување на несакани последици и предизвикување на пожари.
Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на:
npmavrovo@npmavrovo.org.mk ; mavrovonationalpark@gmail.com
+389 (0) 42 489 019
+389 (0) 42 489 425
Ви благодариме за разбирањето и одговорноста!
Чувајте ја природата!

Logos Slider