Воспоставување систем за видео надзор во НП Маврово
Известување до јавноста
Почитувани,
Ве известуваме дека Националниот парк Маврово, во согласност со своите законски надлежности и обврски, континуирано се грижи за заштита, унапредување и одржливо управување со природните вредности, биолошката разновидност и екосистемите на својата територија.
Со цел да се обезбеди повисоко ниво на заштита на природата, како и зголемена безбедност на дивиот свет и посетителите, одделението за заштита и мониторинг на Националниот парк Маврово, на 60 локации низ територијата на паркот, воспостави систем за видео надзор.
Поставувањето на камерите има за цел:
-мониторинг на дивите видови животни
-следење на бројна состојба
-превенција и рано откривање на незаконски активности, како што се бесправна сеча, лов, загадување, уништување на природните ресурси и други дејствија што можат да предизвикаат штета врз животната средина
Воедно, видео надзорот придонесува и за подобро следење на состојбите во природата, движењето на дивите животни и навремена реакција од страна на надлежните служби, со што се унапредува севкупната заштита и управување со паркот.
Ги молиме сите посетители:
-да се придржуваат кон правилата за движење и престој во рамки на паркот
-да ја почитуваат природата
-да постапуваат одговорно со цел зачувување на ова значајно природно богатство за идните генерации.
Во прилог ви објавуваме неколку фотографии од диви животни, снимени со помош на системот за видео надзор.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Со почит,
Јавна Установа Национален парк „Маврово“























