Јавната Установа Национален Парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, како и годишната програма за работа на 18.10.2023г. успешно го реализираше есенското порибување на водите на територијата на паркот.
Оваа е редовна активност на ЈУНП Маврово и истата согласно програмата за порибување се реализира по втор пат оваа година.Главна цел е збогатување на рибниот фонд на водите на територија на националниот парк.
Мавровското езеро беше порибено со 200кг крап и 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) , а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (Salmo Faroides) .
Се порибуваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското езеро.

Logos Slider