Во Подгорица и официјално е основано здружението “Парковите Динариди – мрежа на заштитени подрачја на Динаридите”

На основачкото собрание во Подгорица  беше официјално основана регионалното здружение “Парковите Динариди – мрежа на заштитени подрачја на Динаридите”. Претставници на 36 паркови во Регионот на Динарската верига избраа претседател и административниот совет на Асоцијацијата, која ќе им овозможи полесна размената на искуства, развивање на заеднички проекти и промоција на парковите од веригата.

ПОДГОРИЦА, 5.12.2014 г., Црна Гора – Во присуство на министерот за одржлив развој и туризам на Црна Гора, г. Бранимир Гвозденовиќ, 36 претставници на заштитените подрачја во Регионот на Динарската верига учествуваа на состанокот за основање на регионалното здружение “Парковите Динариди – мрежа на заштитени подрачја на Динаридите” во хотелот Рамада во Подгорица.

Во формирањето на “Парковите Динариди – мрежа на заштитени подрачја на Динаридите” на денешната средба присуствуваа претставници на заштитените подрачја од осум земји во регионот, кои усвоија Статутот на асоцијацијата, а од страна на присутните беа избрани членовите на Управниот одбор и другите работни тела на асоцијацијата, и на тој начин формално-правно ги ставија темелите за својата идна работа и развој.

За претседател на асоцијацијата е избран Зоран Мрдак, директорот на националните паркови на Црна Гора, а за потпретседатели се избрани Амарилдо Мулиќ, директор на Националниот парк Уна и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк Маврово. Претседател на Собранието, на здружението е заменик-министерот за животна средина и заштита на природата во Република Хрватска, Ненад Стрижреп, а секретар е Леон Кебе, раководител на проектот на WWF – “Динарска верига на паркови”.

Седиштето на здружението во првите три години ќе биде во Црна Гора и нејзиниот одбор на директори се состои од по еден претставник од секоја од осумте земја на Динарската верига. Меѓу главните цели на формирањето на здружението се: вмрежувањето на паркови, техничката поддршка во професионална смисла и подобра промоција парковите. Здружението ќе треба да им помогне на заштитените области од Регионот во привлекувањето на фондови, како и во заедничките развојни проекти.

“Организирана заштита на природата во подрачјето на Регионот на Динаридите започна во доцните години на 19-ти век. Првите национални паркови беа воспоставени во средината на 20 век, а денес формирањето на парковите Динарите е уште еден важен настан, како и новиот повисок степен на организација на заштитата на природата во регионот”, рече претседателот на мрежата Зоран Мрдак.

Службениот почетокот на работата на здружението и завршувањето на главната дејност на WWF за заштита – проектот “Динарскара верига на паркови”, преку која три години беа поставувани темелите на ова здружение. Раководителот на проектот на WWF и секретар на асоцијацијата, Леон Кебе нагласи: “Ова е голема победа за Динарската верига “со заедничките обврски на сите земји, која е прифатена пред една година во Будва на нашата втора меѓународна конференција. Првиот чекор во исполнувањето на таа обврска бешее утврдено од страна на WWF, и среќен сум затоа што сега постојат цврсти партнери во проектот за понатамошна работа со заштитените подрачја во регионот”, рече Кебе.

Седиштето на асоцијацијата во првите три години ќе биде во Црна Гора, а управниот одбор го сочинуваат по еден претставник од осумте земји членки на Динаридите. Меѓу главните цели на асоцијацијата ќе биде вмрежувањето на парковите техничка подршка од стручен аспект и што подобра промоција на парковите. Асоцијата исто така ќе помогне во привлекување на фондови и како и за заедничка изработка на проекти.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider