Националниот парк „Маврово“ во соработка со Општина Маврово и Ростуша и подршка од УСАИД, ќе одржи серија на обуки за органско собирање на диворастечки растенија во текот на месец јули. Заинтересираните жители на Ошпштина Маврово и Ростуша и Националниот парк „Маврово“можат да се пријават за еднодневна обука во просториите на НП Маврово или на телефон 070/659-447.

Зошто да се стане собирач?

Професионалниот собирач може да достигне месечна заработка во висина од две просечни плати.

Иако е сезонска работа, собирањето на диворастечки растенија нуди можност за работа и додатен приход во текот на 8 месеци од годината.

Собирањето на диворастечки растенија нуди брза заработка затоа што надоместокот за собраните растенија се исплаќа веднаш при откупот.

Зошто е потребна обука?

Според македонските закони за заштита на животната средина, само собирачи кои се лиценцирани за органско собирање на расенија можат да добијат дозвола за собирање.

Откупните пунктови не откупуваат растенија од нелиценцирани собирачи.

Неправилното собирање на растенијата и печурките ја намалува нивната количина што може да се собира во наредната сезона.

Сите кои се заинтересирани за собирање на лековити растенија, печурки и шумски плодови, како и за престојната обука, се добредојдени на нашите информативни денови предвидени на следните датуми:

Инфо ден 1

17.07.2013, во 17.00 часот, во просториите на ОУ „Денче Дејаноски“, Маврови Анови

Инфо ден 2

18.07.2013, во 17.00 часот во просториите на Општината Маврово и Ростуша, с. Ростуша

Во рамките на овој проект, во просториите на Информативниот туристички центар при НП Маврово, на 08.07.2013 беше одржана обука на вработените од Националниот парк „Маврово.“

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider