Заврши и третата работилница за изготвување на Акционен План за заштита на балканскиот рис во НП Маврово која се оджа од 16 до 18.12.2013 во хотелот Макпетрол во Маврово. Учесниците на оваа работилница беа претставниците на Националниот парк Маврово, Македонското Еколошко Друштво и швајцарската организација КОРА. На оваа работилница беа доработени некои заостанати активности од претхониот состанок, а исто така активностите беа оценети во однос на нивниот приоритет на реализација. Како надополнение на некои активности, беше развиен и концепт за самостоен проект за кој би требало да се аплицира во 2014 година.

Вториот дел од оваа работолница беше посветен на кратка обука за пишување на проекти за заштита на природа. Во овој дел, фацилитаторот на работилницата Александра Мајич Скрбиншек одржа презентација за сите релевантни факти околу пишување и аплицирање на проект. Мануела фон Аркс од КОРА ја презентираше апликационата форма на швајцарската фондација МАВА која директно ја спонзорира Програмата за закрепнување на балканскиот рис од 2006 година навака.

На самиот крај учесниците на оваа работилница се договорија за идните чекори и активности во однос на завршување и презентирање на овој значаен документ пред пошироката јавност.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider