Согласно планот и програмата за работа на ЈУНП “Маврово„ и во 2011г се предвидени поголем број на стратешки инвестиции од кои најголем дел се однесуваат на развојот на туризмот во регионот. Најголем дел од овие инвестиции ќе бидат реализирани благодарение на добрата соработка со МНР на Р. Италија и невладината организација OXFAM -Италија која воедно е и главен партнер во реализацијата на проектот за заштита на животната средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во националниот парк “Маврово„ .

Минатата недела беа утврдени планинските и велосипедските патеки кои ќе бидат маркирани и уредени до септември 2011г.  Според планот целосно ќе бидат уредени и пуштени во употреба 10тина нови патеки со должина од над 200 км.  Со ова ќе се заокружи една целина од над 400км професионално маркирани патеки кои ќе нудат одлични услови за планинарите и велосипедистите кои го посетуваат националниот парк “Маврово„. Некои од патеките ќе бидат најдолги во овој дел од Европа и ќе претставуваат вистински предизвик за домашните и странските туристи. Покрај ова Националниот парк “Маврово„ инвестира и во обука на 10 водачи во планина, изградба на вториот информативен туристички центар во реканскиот регион како, поставување на информативни табли и патокази, изградба на камп во с.Трница и сл. Сето ова ќе биде проследено и со соодветна промоција. Во тек е посета на неколку позначајни интернационални саеми а наскоро ќе се започне со промовирање на завршените маркирани патеки како и останатите проекти кои ЈУНП “Маврово„ ги реализираше во текот на изминатиот период.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider