[:mk]

Најстариот скијачки куп на Балканот од 13 па се до 15.02.2017г. ќе се одржи на падините на планината Бистра- Национален Парк “Маврово”. По тој повод организаторот и покровителите на Мавровскиот меморијал денес во Маврови Анови положија цвеќе пред споменикот на погинатите градители со што го означија официјалниот почеток.

Мавровски меморијал е најстариот нордиски куп на Балканот и се вбројува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и светот.

Истиот се одржува во чест на  38 градители на хидроцентралата Маврово и 18 спасувачи од југословенската народна армија, кои загинаа во страшна лавина во 1956 год.

Првиот Мавровски меморијал беше организиран во 1957 година од страна на група ентузијати, со цел да не се заборави големото дело на загинатите градители и спасувачи, а истиот низ годините прерасна во значаен државен и меѓународен настан.

Настанот е поддржан од врвни професионалци и вљубеници во зимските спортови, чија мисија е продолжување на традицијата и подигање на овој спорт на највисоко ниво.

За 54-от Мавровски меморијал се очекува учество на скијачи од повеќе европски држави: Македонија, Србија, Грција, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција, Романија и  други.

Програма на Мавровскиот меморијал:

П Р О Г Р А М А НА 54-ОТ МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

Понеделник ,13 .02.2017 година

10.00 – 13.00……Официјален тренинг

14.30………………Полагање цвеќе на споменикот на погинатите градители

15.00………………Свечено отварање

15.30………………Музички хепенинг со многу македонски поп и фолк пејачи пред хотел Спорт

16.00………………. Коктел во хотел Спорт и доделувањње на благодарници за сите спонзори и помагат@ели на Мавровскиот Меморијал

19.00………………Технички состанок за натпреварот

Вторник, 14.02.2017 година

11.00……………….Старт на натпреварот на 5км и 10км (слободен стил)

19.00………………Технички состанок за натпреварот

Среда , 15.02.2017 година

11.00……………….Старт на натпреварот 5км и 10км (слободен стил)

14.00………………Затварање на натпреварот и доделување на награди

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]