Еднодневна едукативна екскурзија со децата од Основните училишта во НП Маврово
Нaционалниот парк „Маврово“ продолжува со активности за подигнување на јавната свест за значењето на животната средина и нејзиното зачувување и унапредување преку програми, проекти и активности со посебен осврт кон децата, да ја сакаат и чуваат природата и низ настава во природа подобро да го запознаат Националниот парк.
Националниот парк Маврово во соработка со Училиштата што гравитираат на територијата на паркот и здружението за водачи во планина Upland Adventure организираше еднодневна едукативна екскурзија за учениците до петто одделение кои учат во училиштата на територијата на паркот.
Екскурзијата започна со посета на Сафари Паркот Бунец каде што беше презентизана детската едукативна патека „Патеката на Петко и шумските пријатели“. Патеката е во должина од 1,5 км и по целата должина се поставени табли со едукативна содржина за флората и фауната во паркот дизајнирани да одговараат за соодветната возраст на децата. Движењето по патеката е лесно без големи висински разлики што многу одговара за ова возраст на децата и истите ја поминуваат без никаков проблем. Сето тоа надополнето со одличното расположение на децата, нивната желба за учење преку игра и забава ни го даде одговорот дека со уредувањето на оваа патека сме ја постигнале целта.
Потоа групата се упати на игралиштето кај Ски центарот каде што децата имаа мала пауза за потоа да се упатиме во Пештерата Шаркова дупка.
Од вработените во Националниот парк беше презентирана пештерата, нејзините карактерисрики, змачењето на истата во едукативниот процес на децата кои се запознаа со пештерските украси како се формираат, колку време се формираат и големата важност да се зачуваат.
На крај Националниот парк „Маврово“ им се заблагодарува на училиштата и нивните вработени и на сите кои придонесоа оваа екскурзија да помине во најдобар ред, а посебно на децата кои беа пдлични преку целиот ден и се надеваме дека научиле нешто ново со порака дека паркот секогаш ќе излегува во пресрет за вакви и слични активност со свој придонес во едукативниот процес на децата со единствена цел зачувување на животната средина.