Започна обуката за професионални водачи во планина
На 16.02.2011г официјално започна обуката на кандидатите кои ги исполнија сите критериуми барани за стекнување со лиценца за професионален водач во планина. Активноста е дел од проектот “Заштита на животна средина, економски развој и промоција на одржлив еко-туризам во НП Маврово“ , релизиран и финансиран од од страна на ЈУНП “Маврово“ , МНР на Р.Италија и OXFAM Италија.
Обуката ќе трае подолго од 6 месеци и во истата се предвидени повеќе семинари на кои стручните лица од Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина ќе го пренесат своето знaење и своите вештини до кандидатите кои на психо -физичките тестови се покажаа како најдобри. При првиот дво дневен семинар кандидатите имаа можност од блиску да се запознаат со професијата водач во планина. Се зборуваше за опремата која треба да се поседува и нејзина правилна употреба за да може непречено да се реализира оваа професија, значењето на помошните алатки за ориентација во природа, работа со овие алатки, опасностите со кои еден професионален водач во планина најчесто се соочува при работата и начини на избегнување т.е справување со истите.
Следната средба е закажана за 23 и 24.02.2011г. а во програмата се предвидува започнување со работа на терен.