Конечно снег на Маврово. Следуваат денови со многу интересни содржини за сите посетители.
Почитувани,
Снежната покривка на Маврово и ски терените е се поголема а тоа ни дава надеж дека конечно ќе имаме можност за уживање во сите убавини кои ги нуди регионот во текот на зимската сезона. За сите љубители на природата а најмногу за сите оние кои со нетрпение очекуваат да започне ски сезоната на Маврово, ви ја презентираме програмата со активности за викендот и празничните денови кои следуваат:
Петок 15 Јануари:
-“Ноќна снегулка” ДЕТСКА ВЕЧЕРНА ТРКА
Сабота 16 Јануари:
– Отварање на сезоната, целодневна забава, рок бенд во Старо Бачило , ДиЏеј
Недела 17 Јануари:
– World Snow Day во Маврово,
(многу забава за најмладите, аниматори и маскоти, тркa во скијање за деца, награда за најубав Снешко и најсмешно видео од забавата во снегот.)
Понеделник 18 Јануари:
-Ноќно скијање
Вторник 19 Јануари:
-Празнување на празникот Водици во Мавровскиот регион и Битуше
Од страна на нашите пријатели од skimacedonia.mk не известуваат дека Т.А. Киниси ви овозможува организиран превоз од Скопје до Маврово.
Се гледаме во Маврово!