Порибување на Мавровско езеро и река Радика 2012
Националниот парк Маврово во рамките на своите надлежности а со цел збогатување на рибниот фонд на водите на целата своја територија на ден 15.11.2012 г. (четврток) по петти пат изврши порибување на реката Радика со нејзините притоки како и на Мавровското езеро и реките од неговото сливно подрачје.
Порибувањето беше извршено со 15 000 парчиња „Автохтона поточна пастрмка“ (salmo faroides) која е набавена од „ШУМ“ Струга, а во соработка со Институтот за рибарство и тоа на следниве локации:
-8000 парчиња во река Радика под с. Присојница и Бигорски ливади
-7000 парчиња во Мавровско езеро ка месноста „Камп“, во устијата на Мавровска и Никифорска река и кај местото „улазна“
Како и секоја година на оваа активност му претходеше спалување на 15 мрежи во должина од 600 метри запленети од криволовци од страна на чуварската служба на Националниот парк Маврово на Мавровското езеро во тековната 2012 годона, која се одвиваше во присуство на Командирот на полициска станица Маврово, Надлежен инспектор од Министерството за Земјоделство и Извршители од Агенцијата за одземени предмети на Р. Македонија како и службата за Заштита на природата при Националниот парк Маврово.