Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Националниот парк Маврово и МИТ Универзитет – Скопје
![](https://npmavrovo.org.mk/wp-content/uploads/2017/12/IMG-be924893dd4430df28dfe401b35a2f3c-V-732x549.jpg)
Ј.У. Национален парк Маврово и МИТ Универзитетот Скопје, претставени од Директорот на паркот Самир Ајдини и Ректорот на Универзитетот Проф. Д-р Маријан Стефановски, потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој документ се отвораат можностите за соработка помеѓу двете институции заради унапредување на високо-образовната, научно истражувачката и применувачката односно апликативната дејност. Овој меморандум ќе овозможува поттикнување на соработка во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста.
Со потпишувањето на овој документ двете страни превзедоа обврски кои треба да се исполнат со цел унапредување на високо-образовната, научно истражувачката и применувачката односно апликативната дејност.
Двете страни се согласија дека сите заеднички активности ќе бидат заеднички планирани, договорени и потврдени со посебен договор за взаемна соработка.