Првата ски линија сезона 2017 – Дешат
Материјалот е превземен од: skimacedonia.mk
Автор: Димитар Попов
Сваќајќи дека постои шанса за добри остатоци од снег на планината Дешат, титанот кој се издига над Ростуше и Битуше, отидов со ски опрема да проверам дали постои можност за добри ски линии. На 1640м се сретнав со првиот добар снег за кожи, а продолжи да биде добар и нагоре. Тоа беше се уште првиот слој на снег, малку трансформиран, па темпирав кога ќе фати сенка, да стегне снегот, да избегнам оштетување на скиите. Скијав добри 680 m линија надоле на источната страна. Прекрасен ден за добредојде на сезоната во Маврово.