[:mk]Јавната Установа Национален Парк „Маврово“ согласно своите надлежности и планови за работа, како и годишната програма за работа, денес 29.04.2022 го изврши “пролетното” порибување на водите на територијата на паркот.
Преку оваа редовна активност Мавровското езеро беше порибено со 200кг крап и 100 кг поточна пастрмка (salmo faroides) , а реката Радика со 100 кг поточна пастрмка (salmo faroides) . Се порибуваше на неколку локации по течението на реката Радика и Мавровското езеро.
Според програмата на паркот ваквите активности преку кои ќе се реализираат плановите за зголемување на рибниот фонд ќе продолжат и во наредниот период.

[:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]