[:mk]

Под мотото: “Откриј ги планинските богатства на Националниот Парк Маврово- Едно патување, безброј доживувања”,  Од овој викенд па се до крајот на летната сезона, ќе се спроведе кампања за промоција на планинарскиот туризам во Националниот Парк Маврово.

Главна цел на кампањата е промовирање на сите ново обележани планинарски патеки кои ЈУНП Маврово во соработка со Македонската Асоцијација на професионални водичи во планина, ги маркираше во текот на последните 3 години.

Планинарските тури ќе се одвиваат секој викенд а ќе се закажуваат секој понеделник. Истите ќе се промовираат преку веб страната на ЈУНП Маврово и Фејсбук профилот https://www.facebook.com/mavrovo

Сите заинтересирани за учество во било која од турите, ќе можат да се пријавуваат преку фејсбук профилот, официјалниот е-маил на инфо центарот- infopoint@npmavrovo.org.mk, или на телефонските броеви: 00389 42 489 425, 78 495 591, 78 495 592.

Турите ќе ги организираат и водат професионални водичи во планина, кои се локални жители и одлично го познаваат теренот и сите поважни културно- историски информации за регионот.

Организацијата на сите тури е бесплатна. Ваше е да одлучите кога и каде сакате да планинарите, да понесете соодветна планинарска опрема и доволно храна и вода, и секако, да си обезбедите превоз до појдовните точки во Мавровско- Реканскиот регион.

Поздрав и ве очекуваме!

Започнуваме со промоција на патеката:

MK 1 Инфо Центар – Врв Кожа – Врбен

На ден: 30.06.2013  Недела

Старт: Пред инфо центарот во Маврови Анови во 10.00ч.

Задолжително носете соодветна планинарска опрема, храна и вода!!!

Сите оние кои сакаат да дојдат од Скопје и другите градови а немаат информации за превозот до Маврови Анови, може слободно да не контактираат на погоре наведените телефони и е-маил адреси.

Поважни информации:

Ова е убава рекреативна патека со прекрасни панорами над Мавровската котлина и регионот на Горна река. Може да се комбинира со патеката (патот) до село Врбен. Подлогата е пријатна за газење сочинета главно од земја и трева. Патеката е маркирана. Вдолж патеката има неколку извори со вода, меѓутоа заради нивната непостојаност, најдобро е да се наполни вода во Маврови Анови. Од врвот на Кожа патеката води до над селото Врбен и правејки круг околу планината повторно се враќа во Маврови Анови. Постои опција од врвот да се продолжи до културно историскиот локалитет Манастирот Света Петка или до сафари паркот во месноста Бунец. Вдолж патеката на повеќе места има клупи за одмор, но нема засолништа и угостителски објекти.

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]