ПРОГРАМА
петок, 15-ти февруари 2013 година.
Од 09:00 до 15:30 и од 18:00 до 22:00 часот издавање на ски карти за сите учесници на билетарницата од Скијачкиот Центар Маврово. Картите се издаваат лично, со име, презиме и фотографирање на самото место.
Официјално отварање на трката во 22:00 часот во Ратрак Клубот. Забава со Јегер, ”Роки & Фриендс” и извлекување на стартните броеви.
сабота, 16-ти февруари 2013 година.
Почеток на квалификационата велеслаломска трка во 10:00 часот. Забава со ”План Г” во живо на Галичко Бачило во 13:00 часот. За закрепување и освежување на натпреварувачите ќе се погржат: Дајнерс Клуб Интернационал, Винарија Камник, Пивара Скопје, Макпромет и Јегер. Т-Мобиле забава со ”Петар Рендзов & Банд” во ресторанот на хотелот Бистра со почеток во 20:00 часот.
недела, 17-ти февруари 2013 година.
Почеток на финалната велеслаломска трка во 10.00 часот, во женска конкуренција, машка конкуренција до 40 годишна возраст и ветерани. Забава со ”План Г” во живо на Галичко Бачило во 12:00 часот. За закрепување и освежување на натпреварувачите ќе се погржат: Дајнерс Клуб Интернационал, Винарија Камник, Пивара Скопје, Макпромет и Јегер.
Прогласувањето на победниците во екипна и поединечна конкуренција и доделувањето на наградите ќе се оддржи во 14:30 часот на Галичко Бачило.
ПРОПОЗИЦИИ НА НАТПРЕВАРОТ
Натпреварите ќе бидат крајно професионално организирани. За таа цел Скијачкиот Центар од Маврово како организатор и иницијатор на оваа хумана велеслаломска трка, во соработка со Скијачкиот сојуз на Македонија веќе изготви програма и пропозиции, по кои ќе се одвиаат квалификационите и финалните трки.
Натпреварувањето ќе се оддржи на патеката од Галичкиот ски лифт. Времето ќе се мери електронски, Директор на трките е реномираниот, меѓународен судија, Г.н. Виктор Крстевски-Викса, а веќе традиционално главен судија на натпреварувањето е Г-н. Јохан Елзесер. Специјално, само за овој настан, патеката ќе биде поставена од меѓународниот судија од Словенија, Г-н. Симон Ханжуреј-Сики.Натпреварот ќе започне со две квалификациски возења за сите пријавени натпреварувачи. Првин ќе стартуваат оние во женска конкуренција, па оние натпреварувачи кои имаат над 40 годишна возраст, а за крај, најмладите или сите оние кои се родени пред и заклучно со 1973 година. За финалните трки ќе се важи подоброто време од овие две квалификациски трки.
За екипниот дел од натпреварувањето кое завршува во сабота, се важат најдобрите две времиња од трите натпреварувачи и тоа од двете квалификациски трки.
НАПОМЕНА: ВЕ МОЛИМЕ ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО, ПОКРАЈ ТОЧНОТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ, ДА ГИ ВПИШЕТЕ И СООДВЕТНИТЕ ГОДИНИ НА РАЃАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ, КАКО БИ МОЖЕЛЕ ОДНАПРЕД ДА ГИ ПОДГОТВИМЕ КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ И СТАРТНИ БРОЕВИ ВО ЖЕНСКА, МАШКА И ВЕТЕРАНСКА КАТЕГОРИЈА.
Секоја екипа може да донесе свој банер кој ќе биде поставен на целната рамнина. Екипите пријавуваат по три аматери скијачи, членови во машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории и-аматери и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2003/2004 година.
Од 09:00 до 15:30 и од 18:00 до 22:00 часот издавање на ски карти за сите учесници на билетарницата од Скијачкиот Центар Маврово. Картите се издаваат лично, со име, презиме и фотографирање на самото место. Ве молиме  подгответе само 150,оо денари за депозит на ски картата кои Ви се рефундира со враќањето на истата, по завршување на натпреварот во недела, 17.02.2013 година.
Со почит,
Ски Центар Маврово

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider