CNN снимаше нов промотивен спот за НП Маврово и Македонија
![](https://npmavrovo.org.mk/wp-content/uploads/2014/10/DSC_0109-1-732x487.jpg)
Eкипа на CNN која деновиве го посети НП Маврово, ќе снима промотивен видео спот за Македонија, во кој ќе се прикажат и неколку секвенци од познати туристички локалитети на територијата на паркот. Тимот беше составен од неколку режисери, продуценти и актерска група а НП Маврово им овозможи непречено да ги посетат и снимаат сите локации предвидени според нивната програма. Според информациите кои ги добивме од гостите, прикажувањето на овој промотивен видео спот може да се очекува на почетокот на следната година, а истиот ќе биде прикажуван на CNN.