Во Управната зграда на Националниот парк „Маврово“ на 21.08.2014 година се одржа Вториот состанок на Форумот за развој на Европскиот Чартер за Одржлив Туризам при Консултативното тело – Совет на засегнати страни на Националниот парк „Маврово“.

На состанокот покрај членовите не советот присуствуваа: Директорот на Националниот парк „Маврово“ Онер Јакупоски и Претставникот на WWF Андреа Штефан.

Состанокот го отвори Директорот на паркот при што ја објасни визијата на паркот, важноста на туризмот како гранка и со оптимизам дека овој Совет ќе даде голем придонес за развој на туризмот охрабрувајќи ги присутните да се вклучат со свои идеи, предлози, мислења и искуства за што попродуктивна расправа.

Следуваше презентација од Гоце Анастасоски преку која ги запозна присутните што значи Европскиот Чартер за Одржлив Туризам, каде се наоѓаме ние како парк и ладе сакаме да стигнеме. Претставникот на WWF Андреа Штефан ги презентираше придобивките од членството на семејството на заштитени подрачја кои се вклучени во Европскиот Чартер за Одржлив Туризам, споделувајќи искуства од други заштитени подрачја колку оваа програма придонела да се развие одржливиот туризам кај нив, нагласуваќи ја соработката на сите субјекти кои ќе се вклучат како многу важна за правилна имплементациија за оваа програма.

По паузата и малата закуска која се состоеше единствено од локални производи се пристапи кон работа во групи при што се правеше SWOT анализа каде секоја група оделно ги разработуваше Јаките страни, Слабите страни, Можностите и Заканите со кои паркот во моментов се соочува.

При презентацијата на точките за сите групи се отвори дискусија во која се вклучија сите членови од советот со што го покажаа својот интерес за оваа тема со што се надополнуваа точките од секој дел на SWOT анализата која ќе биде добра основа за изработка на Стратегијата за Европскиот Чартер за Одржлив Туризам во Националниот парк „Маврово“ која ќе почне да се подготвува.

На крајот на состанокот се избра и Претседателство на Форумот кое ќе ги превземе сите надлежности за работата на советот.

This slideshow requires JavaScript.

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider