[:mk]

Светската организација за заштита на природата WWF Адриа во соработка со мрежата на заштитени подрачја Паркови Динариди ќе реализира четиригодишен проект „Заштитените подрачја за природата и луѓето“. Проектот претставува продолжение на иницијативата „Паркови на Динарската верига“  преку која е основана мрежата Паркови Динариди, каде што членуваат повеќе од 50 паркови од осум земји од регионот.

Почнува реализацијата на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето“

Целта на проектот е унапредување на квалитетот на живот на луѓето кои живат или гравитираат на територијата на заштитените подрачја, преку промоција на одржливото користење на природните ресурси, спроведување на заеднички иницијативи со локалното население и подобрување на политиката за заштита и валоризација на прородните богатсва. Преку оваа програма исто така се поттикнува спроведување на спогодбата „Големата победа за Динарската верига“, за која министрите на шест земји се обврзаа дека ќе ја зајакнат регионалната соработка за да се остварат заедничките и национални цели за подобрување на заштитата на животната средина.

Директорот на Националните паркови на Црна Гора Зоран Мрџак кој воедно е и претседател на мрежата „Паркови Динариди“ каде што в моментов членуваат 52 национални и регионални паркови и паркови на природата од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово истакна дека една од главните цели на проектот е вклучување на населението во одлучувањето во заштитените подрачја и истакна дека со новиот проект, кој во регионот го спроведува WWF Адриа, се обезбедуваат средства за работење на асоцијацијата „Паркови Динариди“

Главниот и извршен директор на Светската организација за заштита на природата WWF Адриа Мартин Шолар потсети дека WWF е формиран во 1961 година и го нагласи значењето на мисијата Адриа WWF во регионот, како и дека од проектот WWF произлезе мрежата на заштитените подрачја „Паркови Динариди“.

Мрежата „Паркови Динариди“ ќе биде важен партнер на WWF Адриа на новиот проект „Заштитените подрачја на природата и луѓето“. Програмата ја финансира Шведската агенција за меѓународен развој и соработка SIDA, во износ од 4 милиони евра, од кои 500 000 евра ќе бидат искористени за реализирање на активности во Црна Гора.

„Наша желба е мрежата Паркови Динариди да стане независна асоцијација кој ќе се занимава со заштитените подрачја и да придонесе не само заштита туку и осварување на цели за одржлив развој и вклучување на локалната заедница во процесот на донесување на одлуки“, истакна Шолар.

Менаџерот на програмата „Динарска верига-Заштитените подрачја за прородата и луѓето WWF Адиа“ Леон Кебе истакна дека во нареднит период мрежата ќе посвети посебно внимание во изградбата на механизам за соработка со локалните заедници и промовирање на примери на добри искуства од регионот и светот за начините како локалното население може да ги почувствува социо-економските благодети од заштитените подрачја.

dsc08613

Во наредниов период ЈПНП на Црна Гора, НП Биоградска гора и НП Тара од Србија ќе реализираат заедничка иницијатива „Набљудување на мечки“ како основа за развој во туризмот но со промовирање на мерки за заштита и подобрување на живеалиштата на мечките и спречување на криволовот.

„Во БиХ, НП Уна ќе покаже како парковите можат да станат генератор за развој на еколошко и одговорно работење, преку давање на подршка за зелените бизнис идеи, отварање на еко-продавници и пласирање на локалните производи, а НП Сутјеска ќе промовира туризам како алтератива на неодржливите облици на развој“, објасни Шолар

Активности ќе има и во парковите во Србија и Албанија преку формирање на совети на заинтересирани страни како би се овозможило поголемо учество на локалните заедници во донесување на одлуки.

Програмата ги поставува темелите за учество на локалните заедници во управување со заштитени подрачја и да се зајакне локалниот капацитет за поголем мониторинг на влијанието на националните политики кои се однесуваат на животната средина и природата.

„Колку повеќе локалното население е вклучено во работата на заштутените подрачја, толку истите се подобро водени“, заклучи Кебе

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]