[:mk]

Во рамките на програмата на Европската унија во просториите на Ј.У. Национален парк „Маврово“ на ден 28.04.2016 година се одржа работилница на тема: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000.

Целта на оваа работилница е да се зајакнат административните капацитети на НП Маврово и да се подобри соработката со МЖИПП. На работилницата се презентираа основните информации за Натура 2000 и влијанијата за воспоставувањето на оваа мрежа. Учесниците на на овој состанок можеа да го поврзат знаењето за Натура 2000 со своите секојдневни работи особено за презентирање на Натура 2000 на локалното население.

Воведни говори за значењето и придобивките на Натура 2000 дадоа Директорот на Националниот парк „Маврово“ Онер Јакупоски, Влатко Трпески од МЖСПП и Директорот на Управата за Животна средина Даниел Ефтимов.

Тим лидерот на програмата Даниел Богнер одржа презентација за правната основа, избор и номинација на подрачја, управување со подрачја, развој на Натура 2000 подрачјата во иднина и примери од земјите членки на ЕУ.

По дискусијата и прашањата беше заклучено дека во иднина ќе се одржат уште неколку работилници во Националниот парк Маврово за програмата Натура 2000

DSC_0159     DSC_0136

DSC_0148     DSC_0166

DSC_0155     DSC_0183





[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]