[:mk]

Проектот НП Маврово за младите Едукација – Партнерство- Иднина,  финансиран од страна на Програмата  за грантови за заштитени подрачја – Паркови на Динариди, продолжува успешно да се реализира.

Процесот на обука на кандидатите се одвива според утврдената програма.  Директорот Самир Ајдини потпиша договори за соработка со кандидатите кои ја следат обуката за водичи во планина, а покрај првично планираните 8 кандидати, по претходен договор помеѓу директорот на ЈУНП Маврово г.дин Самир Ајдини и претседателот на Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП г. дин Костантин Циривири,  беше одлучено шанса за учество во процесот и стекнување со лиценца да добијат сите останати пријавени кандидати.

Во втората фаза од проектот ќе се реализираат и 3 работилници на теми поврзани со туризмот, и потребата од формирање на спасувачка екипа на територија на паркот . На овие работилници покрај кандидатите за водичи ќе бидат вклучени и здравствени работници, вработени во ЈУНП Маврово, како и поединци и субјекти чија работа е тесно поврзана со туризмот.

Преку средства од проектот до сега се набавени опрема, маркери и алат потребни за маркација на планинарски патеки, а до крајот на проектот ќе биде изготвена и планинарска мапа.

Проектот ќе биде завршен со настан за промоција на кандидатите за планинарски водичи преку организирани планинарски тури, а кандидатите ќе се стекнат со предвидената лиценца после полагање на завршниот испит кој ќе биде спроведен од страна на Македонската Асоцијација на Интернационални Водичи во Планина – МАИВП.

#ParksDinarides

 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]