[:mk]Маврово, 4 април 2019

 

Денеска во Маврово – хотел Бистра беше организирана промоција на проектот за обука на професионални водичи во планина, на која на 12 директни учесници во процесот им беа доделени уверенија за завршена прва фаза од обуката која се спроведува според УИМЛА стандардот.

 

Пред присутните гости најпрвин се обрати дирекорот на НП Маврово г.дин Самир Ајдини кој појасни дека овој проект произлезе од иницијативата т.е програмата за финансирање на проекти поддржана од Паркови Динариди.

Повикот кој беше објавен минатата година беше наменет пред се за реализација на мали проекти преку кои институциите ќе ја подобрат соработката со локалното население, ќе создадат услови за негова поголема вклученост во работата на локалните институции, пред се оние кои раководат зо заштитените подрачја, и ќе создадат одржливи врски со оние кои живеат и делуваат во истите.

Идејата да реализираме токму ваков проект дојде пред се поради евидентната потреба од едуциран и професионално обучен кадар во областа во која нашиот парк и нашата земја има огромна потреба од истиот.  Но исто така еден од главните мотиви ни беше создавање на услови за задржување на жителите и стопирање на исселувањето кое претставува еден од поголемите проблеми со кои државата а посебно нашиот регион веќе долги години се соочува. Ваков кадар е важен за развој на туризмот и одговора на потребите на туристите и бизнис секторот, со оглед на фактот дека туризмот како економска гранка, од ден на ден станува сé побитен елемент во регионот,  рече во своето излагање г-дин Самир Ајдини.

Тој помеѓу другото истакна и дека НП Маврово е дел од мрежата на заштитени подрачја Паркови Динариди со седиште во Подгорица- Р.Црна Гора, која денес ја сочинуваат  90 заштитени подрачја од скоро сите земји на Балканот, физички лица љубители на природата и други организации.

На настанот се обратија и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г-дин Медат Куртовски и претседателот на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина г-дин Костантин Циривири.

Помеѓу присутните беше и претседателот на управниот одбор на ЈУНП Маврово г-ѓа Смиљка Танева како и дел од вработените во  паркот, претставници на бизнис секторот, хотели, ресторани и приватните сместувачки капацитети.

Покрај ова, средбата беше искористена и за врачување на службени легитимации за 18 лица вработените во секторот за заштита, при што присутните беа информирани за  законските права и обврски на овие лица кои се вработени како чувари во заштитено подрачје.  Исто така пред присутните беше промовирана новата туристичка веб страница на НП Маврово која наскоро треба и официјално да се стави во функција, а беа најавени и неколку нови проекти и повеќе активности околу одбележувањето на 70 годишнината од формирањето на ЈУНП Маврово.

 

 [:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]