[:mk]Учиме за животинскиот и растителниот свет во Националниот парк Маврово. Овој пат со учениците од О.У. Ѓорѓија Пулески од с. Требиште и с. Велебрдо кои денес се дружеа со нивните другарчиња од О.У Денче Дејаноски с. Маврови Анови и ја посетија Патеката на Петко и шумските жители. Овие активности се организираат од страна на НП Маврово во соработка со сите локални училишта, и се дел од програмата за одбележување на 70 годишнината од формирањето на паркот. Дечињата и денес беа водени по детската патека, а потоа ја посетија управата на ЈУНП Маврово каде што им беа презентирани поважните информации за националниот парк, неговата територија, природните и културно историските споменици, како и значењето на оваа институција за регионот.

 

[:]

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]