Одржана работилница посветена на методот на фото – замки
Националниот парк Маврово во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) одржа работилница посветена на методот на фото – замки. Оваа работилница ја водеа претставниците на МЕД задолжени за имплементација на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, а присуствуваа сите ренџери вработени во паркот. Работилницата започна со презентација за историјатот на методот, главните принципи и неговата применливост.
Потоа, учесниците се поделија во групи каде се работеше на идентификација на рисови од сесијата во 2013 година и градење на календар за проверка.
Оваа работилница беше организирана во склоп на Акциониот план за заштита на балканскиот рис во Маврово и активноста Зголемување на капацитетите на НП Маврово, каде се предвидени уште три работилници. Во овој акционен план е предвиден и редовен мониторинг на рисот и неговиот плен за што паркот и МЕД почнаа со спроведување на четвртата интензивна сесија со фото – замки.
На работилницата поканети беа и присуствуваа учениците од одделенска настава од ОУ Денче Дејаноски од Маврови Анови при што добија значајни информации за карактеристиките на Рисот и исто така добија ветување дека ќе бидат посетени во нивното училиште од страна на МЕД и Националниот парк Маврово каде ќе се одржи пообемна презентација за Балканскиот Рис и за проектот воопшто која ќе биде адаптирана за нивната возраст.