Под познатото еколошко мото “Во планината остави ги само своите стапки, а од неа понеси го мирот и спокојството” a по повод 26-ти септември -светскиот ден на чистите планини, менаџментот на Ј.У.Н.П. “Маврово” ги повикува сите граѓани на една организирана планинарска тура и посета на туристичкиот комплекс “Горна Ледина.

Многубројни еколошки организации и институции од областа на заштита на природата  го одбележуваат овој ден повеќе од 20 години, а оваа година истиот преку оваа планинарска активност ќе го одбележи и националниот парк “Маврово”.

Светскиот ден на чистите планини има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот, да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување и да се создадат партнерства кои ќе придонесат за позитивни промени.

Овој значаен ден ќе биде одбележан со планинарење до самата локација и дружење во новоизградениот туристички комплекс при што директорот на националниот парк Самир Ајдини покрај другото ќе ги презентира плановите за развој на нови туристички производи на територија на паркот.

Тргнувањето е во 10ч. од месноста “Стапаров мост” т.е раскрсницата помеѓу с.Велебрдо и с. Битуше.

 

 

Остави Коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можете да ги користите следниве HTML тагови и атрибути:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

Logos Slider