Акција за отворање на нови спортско качувачки локации
Македонската Спортско Качувачка Федерација во соработка со Планинска Свеза Словенија а со директна поддршка на ЈУНП Маврово, од 19 до 29 07.2014 организира настан- акција за отворање на нови спортско качувачки насоки на територијата на паркот.
Заедничкиот настан има за цел поставување на што повеќе насоки за спортско качување како и промоција на качувачкиот спорт во Македонија и потенцијалот на карпите кои се наоѓаат на територијата на НП Маврово, поточно карпите кои се наоѓаат кај месноста Криви Мост.Акцијата ќе биде искористена и за омасовување на новој вид активности, доближување на младите до природата и спортовите во природа, како и силна промоција на регионот и неговите потенцијали пред словенската качувачка и авантуристичка популација. Во текот на овие 10 дена ќе се врши отварање на нови качувачки насоки а воедно за прв пат во регионот ќе се организира и таканаречено “highline meeting” т.е одење по јаже на одредена висина што е релативно нов авантуристички спорт кој е многу возбудлив и атрактивен. Организаторите и ЈУНП Маврово како поддржувач се надеваат дека ваков вид на настани ќе бидат организирани секоја година и ова ќе прерасне во традиција.