Гости од Р.Турција во посета на НП Маврово и општината
По повод прославата на 5-ти мај – Денот на општината Маврово и Ростуше, во посета на регионот пристигнаа гости од општината Борнова, Р. Турција. Покрај присуството на градоначалникот на општина Борнова, како дел од делегацијата беа и петнаесетина гости кои потекнуваат од овие региони. Во програмата за пречек на гостите, беа предвидени и остварени посети на неколку институции и позначајни локации на територијата на НП Маврово, прошетки во Скопје, Тетово, Охрид и Битола, а на свеченото одбележување на Денот на општината, беше официјализирано збратимувањето помеѓу двете општини.
Делегацијата во текот на вчерашниот ден ( 02.05.2012 среда) ги посети просториите на ЈУНП Маврово, како и дел од природните убавини во близина на Мавровското езеро.