[:mk]Во периодот од 25 до 27.11.2022 година делегација на Националниот парк Mаврово предводена од директорот Самир Ајдини на покана од фондацијата CMCC (Евро-медитерански центар за климатски промени) и DRONBASE а придружувани од меѓународниот експерт за одржлив развој Алберто Погорелц, присуствуваа на тридневна работилница во Лече Италија каде беа презентирани активностите на Ofidia 2 (оперативна платформа за спречување на опасност од пожари) и INTERREG Европскиот регионален развоен фонд.

На работилницата делегацијата од НП Маврово имаше можност да се запознае за активностите на Ofidia 2 од Џиовани Алоисио директорот на супер компјутерскиот центар на CMCC, Алберто Погорелц меѓународен експерт за одржлив развој, Рикардо Валентини член на бордот на CMCC и редовен професор на одделот за иновации во биолошките, прехранбените и шумските системи на универзитетот во Тускиа, при што беше презентирано дека по воспоставувањето на овој систем кој вклучува висока технологија како камери, сензори и дронови намалени се пожарите за 85 проценти што е најдобар европски просек во последната деценија.

Во рамките на работилницата беше посетен и Паркот Чезине каде што беше презентирано „Дрвото кое зборува“ (talking tree) каде што со инсталација на сензори на дрвото се собираат информации за истото кои понатаму се користат во понатамошните истражувања.

Ова беше одлична можност да се види користењето на високата технологија во истражувањето и заштитата на биодиверзитетот при што двете делегации се договорија за можност за идна соработка со цел оваа успешна приказна да се пренесе и во Националниот парк Маврово.

 [:]

[jw_easy_logo slider_name="Logos Slider"]