Ден на одгледувачите на овци и кози 2014
Под покровителство на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, Регионалното здружение на одгледувачи на овци и кози од западна Македонија, Општина Маврово и Ростуша, Националниот парк Маврово и Факултетот за земјоделски науки и храна, на 03 август (недела) кај Скијачкиот центар во Маврово, по деветти пат се одржа манифестацијата “Ден на одгледувачите на овци и кози“.
Државниот советник во Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р. Македонија Цветан Трипуноски го отвори настанот, а пред присутните се обрати и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди при што посочи дека овчарството е еден од најперспективните сектори во општината и во иднина ќе се продолжи со подтикнување на развојот на овој сектор.
Исто така нагласи дека Владата преку субвенционирање на оваа гранка прави големи напори бројот на овците во Македонија да се врати на онаа 2 милионска бројка од пред неколку децении.
На манифестацијата се одржаа натпревари во
-молзење овци
-стрижење овци
-оцена на традиционални сирења произведени на фарма
-изложба на локални соеви на овци
-изложба на кучиња од расата шарпланинец
-културно забавна програма.
и за на крај, заеднички ручек за сите гости кои ќе бидат почестени со овчарско гравче пропратено со јагнешко месо кувано во казан