Завршува риболовната сезона на река Радика
Ги известуваме спортските риболовци дека овој викенд 27.09, 28.09, 29.09 (петок, сабота и недела) ќе биде последен отворен за спортски риболов на река Радика и притоките. Забраната за спортски риболов на река Радика и притоките започнува од 01.10.2019 и ќе трае до 31.01.2020
Воедно ве известуваме дека спортскиот риболов останува отворен за Мавровско Езеро до 31.10.2019 година и важи секој ден. Забраната за спортски риболов на Мавровско Езеро започнува од 01.11.2019 и ќе трае до 31.01.2020