ЗЕЛС Експо 2011 – Саем на општините
Соработката помеѓу Националниот парк Маврово и Општината Маврово и Ростуше продолжува на сите полиња. Така, на 26-ти и 27-ми ноември 2011 година овие две инстутуции имаа заеднички настап на ЗЕЛС Експо 2011. На овој саем Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово ги презентираа успешно реализираните проекти, проектите кои се во тек, како и оние планови и програми кои се планира да се реализираат во иднина. Може да се каже дека нашиот штанд беше еден од најпосетените и на него посетителите можеа да видат дел од промотивните туристички материјали, да се запознаат со потенцијалот за развој на алтернативниот туризам како и потенцијалот за заштитата на животната средина, со инфраструктурата во општината и сл. На овој саем беа остварени повеќе контакти со другите општини и ораганизации а со некои од нив беше договорено воспоставување на идна соработка.